МВР со детали за апсењето на Тодоровиќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објави деталите од апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и уште неколку лица.

- На 29.06.2023 во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.