МВР: Шест возачи возеле со над 200 km/h на автопатот Скопје-Велес

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 83 возачи.

Од нив, 40 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 80 километри на час над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат продолжуваат и во наредните денови.