МВР продолжува со несмалено темпо, казнети 224 возачи

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 224 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.