МВР ја потврди акцијата за наместените фудбалски натпревари: Постапуваме по наредба на ОЈО

Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите на Скопје Инфо дека во соработка со Јавното обвинителство од Скопје се спроведува голема полициска акција за откривање на наместени фудбалски натпревари. 

Оттаму не откриваат детали за акцијата, само потврдија дека МВР постапува по Наредба на ОЈО Скопје.

Инаку, Скопје Инфо пред неколку часа објави дека голема полициски акција за откривање на наместени фудбалски натпревари се случува утрово во Скопје. Неофицијално, МВР и јавното обвинителство од изутрина чешлаат спорна документација. 

По добиени информации и препораки од „Спортрадар“, министерството за внатрешни работи е во интензивна акција за сузбивање на криминалот во фудбалот околу наместените натпревари. „Спортрадар“ е тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари, а вакви акции со години се случуваа во многу земји од регионот но никогаш во Македонија.