МВР го истражува случајот со докторот од Вевчани кој шест години лекувал без диплома

Прво со договор на дело, а потоа и на редовен јавен оглас со сите поднесени документи бил примнат на работа лажниот лекар од Вевчани кој шест години без диплома и лиценца ги лекувал пациентите.

Директорот на Здравствениот дом, Јован Стојкоски вели во ниту еден момент не се посомневале во веродостојноста на документите, -Вевчани е мало место и сите се знаеме, ниту на селаните на крај памет не им текнувало дека младиот човек од нивното село кој ги лекувал шест години може да биде креатор на ваква измама. Ние немаме механизам како установа да проверуваме дали некој документ е фалсификат или не, додава Стојкоски.

Измамата на лекарот после шест години, минатата недела ја открила лекарската комора која го контактирала директорот на Здравствениот дом. После алармот на надлежната комора тој ги ги известил сите други надлежни органи се со цел да се утврди веродостојноста на поднесената документација од страна на лекарот.

Против лекарот од Итната медицинска помош во изминатите шест години не е поведена ниту една претставка ниту дисциплинската мерка за работењето.

Оттука, вели Стојкоски, е невозможно ниту да сме се посомневале во неговата квалификација за работата лекар.

Инаку последните ифнормации кои кружат во јавноста се дека 33 годишниот лекар воопшто и немал диплома за завршен медицински факултет туку дека степенот до кој стигнал е апсолвент на Штипскиот унверзитет. Истрагата е во тек а од МВР најавуваат информации деновиве. 

Извор: 24ТВ