Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Ѓорче

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 15,35 часот на крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ и улица „Сремски фронт.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувана од В.В.(72) од Скопје и моторцикл „јамаха“ исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(26) од Скопје.

По незгодата Р.Ч. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.