Многу македонски домаќинства користат сончеви колектори, сметките дупло помали

Со повеќе од 250 сончеви денови годишно нашето поднебје е одлично за искористување на соларната енергија за добивање на електрична енергија во секој дом. И покрај честата заблуда дека соларните колектори не функционираат за време на облачни и магливи денови, праксата покажала дека тие работат со иста ефикасност како и во сончевите денови. Можеби она што највеќе ве интересира е колку би заштедиле на долг рок преку инвестирање во овој тип на енергија?

Соларните системи бараат еднократна поголема инвестиција, меѓутоа истите нудат долгорочна заштеда за едно домаќинство. Со користење на овие системи, едно просечно домаќинство заштедува околу 10.000 денари на годишно ниво. Ако на оваа пресметка се додаде и фактот дека просечниот животен век на соларните системи е 25 години, вкупната заштеда на долг рок би била 250.000 денари. Заштедата ќе биде уште поголема, ако ја користите соларната енергија и во системите за греење.

Постојат различни компании кои нудат опрема, инсталација, како и стручен консалтинг при преминувањето на овој тип на енергија.

Соларната енергија не само што е одржлива, туку е и обновлива што значи дека никогаш нема да исчезне. Сончевите колектори се одлични за искористување на оваа енергија не само за заштеда во вашето домаќинство туку и за постигнување на енергетска независност и намалување на општата загаденост во вашата средина.