Млада Месечина во Риби: Време е за нови почетоци

Оваа млада Месечина има моќ да нè поттикне да оставиме некои нешта зад себе и да отвориме простор за нови почетоци.

Photo by Benjamin Voros on Unsplash

Со оглед на тоа дека се случува во еден од најчувствителните знаци Риби, таа отвора врата кон нашиот внатрешен свет и универзум на длабоки емоции. Нè поттикнува да се посветиме на нашите интимни соништа и аспирации, да ја слушнеме интуицијата и да не се плашиме од својата чувствителност. 

Ако имате време во текот на вечерта, добро е да се посветите на важните теми во вашиот живот и да си поставите важни прашања?

Љубов – како можам да се отворам кон нови искуства, без оглед на мојот љубовен статус? Што е она што сакам да го оставам за себе и она што треба да го понесам со себе во иднината?

Семејство – како да изградам подобро разбирање со моите најблиски?

Здравје – кои промени во моите навики ќе помогнат за подобрување на моето ментално и физичко здравје?

Работа – како да поттикнам повеќе креативност, но и емпатија кон себе и моите колеги?

Финансии – како моите финансиски одлуки влијааат на тоа што сакам да го имам во иднина?

Интереси – како го трошам своето слободно време и што можам да направам за да внесам одредени промени?

Photo by Jim Strasma on Unsplash

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Најдете време за себеси, бидејќи вие го заслужувате тоа. Младата Месечина ќе ви помогне да се релаксирате и да ги наполните батериите. Одморете се добро, спијте онолку колку што ви е потребно и размислете каков живот сакате да изградите во текот на следните години.

Бик

Време е да се поврзете со другите. Младата Месечина ви носи убави мигови со вашите пријатели. Тоа ќе ве инспирира да се вклучите во интелектуални разговори, а можен е романтичен настан за некои Бикови.

Близнаци

Направете го првиот чекор. Аплицирајте за работата која ја посакувате. Доаѓаат нови почетоци на полето на кариерата, а вие ќе го добиете признанието кое го заслужувате. Само напред!

Рак

Време е да ги проширите своите хоризонти. Младата Месечина ве турка кон нови авантури, но и учење кое ќе ви помогне да напредувате. За некои Ракови, можно е и подобрување на соработката со странство.

Лав

Размислете за луѓето со кои минувате време. Фокусирајте се на оние со кои сакате да минувате повеќе време и заборавете на другите. Ако постои недостаток на баланс, време е да се потрудите да го изградите.

Девица

За Девиците, ова е време кога би можеле да ја сретнат својата сродна душа. Тоа ќе ви даде убава енергија. Секоја личност која ќе ја сретнете во овој период, има потенцијал да остане долго во вашиот живот.

Вага

Време е за промена на некои навики. Пробајте да се насочите кон тоа да ја подобрите продуктивноста. Ако добиете повеќе одговорности од вашиот вработен, не велете не на обврските. 

Шкорпија

Љубовта е во воздухот. Младата Месечина ви носи слатка забава, романса и страст. Ова е моќен момент за слободните претставници на овој знак. Отворете се за љубов и бидете подготвени да запознаете една посебна личност. Сè е возможно за време на овој транзит.

Стрелец

Не постои место како дома. Младата Месечина ве насочува кон вашиот дем и семејство. Имате можност да направите промена, да реновирате  или пак да се преселите. 

Јарец

Време е да бидете слушнати. Младата Месечина го повишува вашиот тон за сите идеи кои ги имате. Вашата интелектуална страна ќе биде активирана, но ќе добиете и можност за да истражите нови насоки во вашиот живот. Можни се и кратки патувања.

Водолија

Време е за финансиски награди. Ова е моќен транзит за вас бидејќи ви помага да дојдете до плодовите од вашиот труд. Вие можете сè, но не заборавајте на тоа што ви е најважно.

Риби

Ова е ваша роденденска сезона, а и Месечината е во вашиот знак. Време е за исполнување на вашите желби, но и сосема нови почетоци. Искористете ја неделата за да се изјасните точно што сакате. Верувајте во чуда!