„Милениум“ седум месеци под клуч, Арсовска не сака да купи нов проектор за прикажување на филмовите

Тажна и непреболна слика, вака изгледа состојбата во градското кино „Милениум“ лоцирано во Градскиот трговски центар. Седум месеци скопското кино Милениум функционира без дигиталниот ДЦП проектор купен во 2012, а Градот Скопје не одговара зошто не се купува нов од 3 милиони денари (50 илјади евра). Стариот веќе не може ни да се поправа, нема делови за него, оти веќе не се произведуваат такви модели.

Од Град Скопје немаат никаков одговор, а неколку пати е разговарано и запознаени се со состојбата.

Маргарита Арсова, уредничка на филмската програма во Младинскиот културен центар (МКЦ), во чија надлежност е киното, вели дека киното е во ужасна состојба, речиси непоправлива. Киното моментално работи со проектор кој го купиле за проекции под отворено небо, дигитален обичен проектор од кој пуштаат репертоар со исти филмови веќе 6 месеци.

Во Македонија, постојат две киносали во Скопје, киното Фросина во МКЦ и Милениум, една во Свети Николе, една во Штип, и по една во Битола и во Велес. Независно од оваа кино мрежа во Скопје работи мултиплексот Синеплекс во рамки на трговскиот центар Сити мол.

На социјалните мрежи граѓаните коментараат дека ова е уште еден неуспешен проект на Данела Арсовска. На твитер тие прашуваат, дали има нешто што функционира во градот, откако таа дојде за градоначалник во Скопје.