Милан Мариќ ќе биде еден од говорниците на денешниот протест во Србија

Познатиот глумец Милан Мариќ ќе биде еден од говорниците на денешниот протест во Белград.

Мариќ во интервју за српскиот весник „Денес“ неодамна истакна дека „трагедиите што се случија, освен што отворија многу општествени прашања, ги извадија на површина сите слабости на овој систем, но направија и уште една работа“.

„Тие ја демистифицираа идејата дека можеме да живееме само во нашиот микросвет, според правилата и со луѓе кои не ги прекршуваат тие правила, во микросвет каде што ќе бидеме заштитени и изолирани од се што се случува околу нас“, изјави тој.

Мариќ е еден од најпознатите и најпопуларни глумци во Србија, македонската публика го запозна преку улогата на Тома Здравковиќ во филмот посветен на неговиот лик и дело.