Мицкоски: Да научиме од грешките, да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Денот на народното востание порачува дека е важно да не ги заборавиме сите наши борби за независна Македонија.

Важно е да се знае, вели тој, дека 11 Октомври е продолжение на илинденската борба за слобода, ден кој е почеток на борбата против фашизмот.

Според него, важно е да не се заборави дека овој ден е почеток на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор.

- Да не ги заборавиме борците во оваа војна кои го дадоа својот живот за независна и слободна Македонија. За горда Македонија, за држава што е татковина на македонскиот народ и останатите кои застанаа на страната против фашизмот.
Да веруваме во нашите “борби” бидејќи историјата покажува дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна. На страната на правдата, за оние кои веруваат во вредности, и оние што веруваат во слободата, во заедничкиот живот и патриотизам. Важно е да ја почитуваме и учиме историјата, за да научиме од грешките, да бидеме обединети и сплотени, да го слушаме гласот на народот и да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат, порачува Мицкоски.