Месечен хороскоп за март 2024: Водолија

Март ви носи исполнување на желбите.

Работа

На 9 март, комуникативниот Меркур влегува во Овен во вашата трета куќа на комуникација. Овој транзит ве поттикнува да ја зборувате вистината, особено во оглед на темите кои се поврзани со некои ситуации кои ве мачат на работното место. Ова е и добар период да поставите граници, особено на луѓето кои се трудат да ви влезат во приватноста. 

Младата Месечина на 10 март ја осветлува втората куќа на финансиски ресурси. Ова за вас е важен момент кој може да ви донесе хонорарна работа, зголемени финансии или пак генерално подобрена ситуација на полето на финансиите преку унапредување. Со влегувањето на Венера во Риби на 11 март, добивате можност да преговарате и да бидете успешни во тоа, така што лесно ќе дојдете до она што го посакувате. 

Ако се занимавате со приватен бизнис, во овој месец работата би можела да биде поактивна, особено ако работите на полето на храната или градежништвото. Можни се нови договори, но и ветувања, но пред да потпишете нешто, проверете дали се тие стабилни или пак површни. Парите би можеле да доаѓаат од работа поврзана со јавноста и јавниот сектор. Ако сте невработени, би можела да ви дојде идеја да отворите своја фирма, што ќе вроди со успех во текот на овој месец. Односите со колегите би можеле да бидат на тест, а можни се и разочарувањ од некои блиски соработници.

Љубов

На ова поле, ве очекуваат многу убави можности без оглед на вашиот љубовен сатус. Би било добро да се прилагодите на потребите на својот партнер, кој има свои потреби, но не ги споделува најјасно и директно. Бидете достапни за нив и слушнете го она што имаат да го кажат. Ако сте долго во врска, ова е добар момент за брак или пак основање на семејство.

Слободните претставници  ги очекува флерт, но и нестабилни односи. Вториот дел од март носи засилена комуникација на социјалните мрежи, но ќе треба добро да се потрудите за да изградите нешто стабилно. 

Здравје  

Водете сметка за исхраната и движете се повеќе.