Месечен хороскоп за март 2024: Риби

Март ви носи романса, но и финансиски напредок.

Работа

Овој месец ви ја носи моќната млада Месечина во вашиот знак која ви помага да постигнете финансиски и професионален напредок. Но, фокусирајте се на она што вам ви е важно. Сам така ќе дојдете до успехот. 

Работата и кариерата ви се многу важни, а во овој период се подобруваат и финансиите. Но, на моменти би можеле да се соочите со тензија и незадоволство поради многуте обврски кои чекаат на вас. Морате да водите сметка за односот со надредените. Немојте да бидете претерано своеглави, туку примете ги критиките и делувајте во согласност со нив. Првиот дел од месецот ви носи дополнителни приходи, кои ќе ви дојдат добро, а во вториот дел, се подобрува работната атмосфера. Ќе бидете и прилично активни умствено, па така, голем дел од претставниците на овој знак ќе се решат за дополнително образование. 

Кога Меркур ќе влезе во Овен на 9 март, лесно можете да дојдете до посакуваните финансии. Ова е и време кога ќе добиете вести за некаква финансиска добивка. 

Со почетокот на сезоната на Овните на 21 март и почетокот на пролетта, завршува вашата сезона, но за вас се отвора простор да се посветите на желбите и целите додека Сонцето беше во вашиот знак. Балансот е важен во овој период. Со сојузот на Марс и Венера во вашиот знак, кој започнува на 22 март, добивате самодоверба. Можете да се изборите за своите соништа и да дојдете до посакуваните резултати. 

Љубов

Ако сте во врска или брак, нема да сакате многу да се посветите на љубовта, но тоа може да и пречи на саканата личност. Внимавајте, тоа да не донесе негативни промени во љубовта. 

Младите и слободни Риби се надеваат на романса со личност која ја запознале преку интернет и тоа може да е некој кој живее во странство. Само внимавајте дали таа личност е слободна или не. 

На 9 март, Меркур влегува во вашата втора куќа која управува со емоциите, а како резултат на тоа, ќе бидете инспирирани да зборувате за своите емоции. Луѓето некогаш мислат дека ви е лесно, но вие чувате толку многу во себе. Во овој период, комуникацијата е клучна. 

Младата Месечина е во вашиот знак на 10 март, а тоа може да ви донесе нови почетоци на ова поле. Имајте верба во универзумот. Ден потоа, Венера влегува во вашиот знак што ве прави неодоливи и харизматични. Ќе се чувствувате како да можете да ја имате секоја личност што ќе ја посакате. 

На 25 март ни доаѓа лунарната еклипса во Вага која е интензивна за вас. Ова е момент кој може да ви донесе неочекувани промени. Доволно силни сте да се соочите со што и да дојде, но не заборавајте на поддршката на најблиските. 

Здравје  

Исчистете ја душата со прошетки во природа, рекреација и медитација.