Месечен хороскоп за март 2024: Овен

Вашата сезона почнува овој месец.

Работа

Овој месец ви носи и можност да најдете јаснотија околу една важна тема, особено нешто што ве држело будни во текот на изминатиот период. Меркур влегува во вашиот знак на 9 март, па така ќе бидете насочени кон успехот. Следниот ден, со мистериозната млада Месечина во Риби, ќе добивате мудрост, но не дозволувајте да се истоштите со многу идеи. Сосема во ред е да одморите ако тоа ви е потребно. 

Сонцето влегува во вашиот знак на 21 март, а како прв знак во хороскопот, ова е одличен момент за нов почеток. Овој датум го означува и почетокот на астролошката нова година, а важно е да се најде баланс и да бидете присутни во сегашниот момент. Работете на тоа да останете посветени на целите, но и да најдете радост во малите моменти. 

Ова е важен месец за заработка, бидејќи лесно ќе доаѓате до финансии, но само низ работата каде темелно и посветено ќе бидете посветени. Особен успех ги очекува Овните кои работат на полето на градежништвото, храна, пекари и ресторани, архитектура, економија. Меѓутоа, не трошете премногу, бидејќи ќе ви бидат потребни пари. Ако работите со странство, ова е важен период за промена на работата. Истото се однесува и за оние кои работат на полето на образованието. 

Љубов

Март би можел да ви донесе мала нервоза во текот на овој месец, но и несигурност во љубовните односи. Вашиот најголем предизвик овој месец е да најдете баланс. Предизвикајте се себеси да се грижите за себе, но и да им пружите љубов на оние кои го заслужуваат тоа. 

Романтичната Венера влегува во Риби на 11 март, што ќе ве поттикне да ги изразите своите чувства на креативен начин. Овој период е како поезија во вашиот живот, без оглед на вашиот љубовен статус. Некои Овни ќе бидат поемотивни од вообичаено. 

На 22 март, ќе бидете порелаксирани во вашите партнерства. Венера буди убава енергија во вас, а со усогласувањето со Марс во Риби, ќе се чувствувате посакувани и ценети од другите. 

На 25 март ни доаѓа полната Месечина која може да биде хаотичен настан. Ако се чувствувате несигурни во љубовта, со оглед на тоа се случува во вашата седма куќа на партнерства. Можни се предизвици на ова поле. На 31 март кога Веста, астероидот на духовноста ќе влезе во семејно ориентираниот Рак, што ќе ве поттикне да бидете сами и да барате мир на тој начин. 

Оние кои се родени на почеток на месецот ги очекуваат одлични работи. Можеби ќе стапите во брак, ќе бидете изненадени со бременост или пак ќе се смирите со личност од минатото. Ако сте слободни, некој кој ви се допаѓа, ќе иницира успех. Многумина се трудат да се мешаат во вашите одлуки, но важно е да барате мислење само од оние кои ви се најблиски.

Здравје

Пијте повеќе чаеви и јадете овошје и зеленчук.