Месечен хороскоп за март 2024: Јарец

Март од вас бара да го намалите времето кое го минувате на социјалните мрежи. 

Работа

Првиот дел од месецот носи помалку можности, но веќе во вториот дел, работите се подобруваат. Во вториот дел од март доаѓаат и подобри финансиски можности, особено за оние кои работат на полето на трговијата и патувањата. Ако работата ви е врзана со договори и комуникација, лесно можете да дојдете до дополнителна заработка. За некои Јарци, овој период може да донесе нестабилност и некои стари проблеми. Ако имате можност, заминете во странство за да го промените местото на престој. 

Кога Марс ќе влезе во Овен на 9 март, ќе бидете во ситуација да преговарате за подобра позиција на работа. Околу 10 март со младата Месечина во Риби ќе бидете креативни. Голем дел од вас ќе изградат професионален проект на кој ќе бидете горди. Вообичаено, новите месечини се период на нови почетоци, па така, овој период носи позитивни промени на професионално поле. 

Март ви носи и можност успешно да преговарате за својата позиција. Но, важно е да бидете  отворени и искрени. Тоа особено ќе биде случај кога Венера ќе влезе во Риби во вашата трета куќа на комуникација на 11 март, помагајќи ви да најдете креативни решенија за некои од проблемите. 

Сезоната на Овните започнува на 21 март, а овој датум го означува и почетокот на астролошката нова година. За вас овој датум е важен поради тоа што ќе успеете да најдете баланс во својот распоред и да се посветите на ослободување од стресот поврзан со работата. Ова е и месец во кој ќе треба да поработите на тоа малку да заборавите на социјалните мрежи. Потрудете се да направите пауза  и за време на полната Месечина на 25 март. Овие еклипси се транзити кои го носат неочекуваното, но и кои ги вадат непријатните емоции на површина. Немојте да се докажувате со луѓето преку социјалните мрежи, ништо нема да постигнете.

Љубов

Ова е месец за љубов и силни емоции. Ако сте во врска, работите стануваат силни и стабилни. Си одговарате со саканата личност и се трудите што повеќе време да минувате заедно. Чувајте се од луѓе кои се склони на пороци, бидејќи би можела да ви се допадне личност која има предизвици на тоа поле. Можно е некои слободни Јарци да влезат во искушение со амбициозна личност, која сепак не е слободна. 

На 31 март, астериоидот Веста ве поттикнува да бидете сензуални и директно да ги покажувате своите емоции. Ова е време за љубов. 

Здравје 

Не се грижете премногу за работите кои не можете да ги смените.