Месечен хороскоп за март 2024: Близнаци

Март ви носи слава и богатство.

Работа

На 9 март, вашата планета Меркур влегува во Овен, што ви носи можности за соработка, акција и интерес од ваша страна, но и успеси. Младата Месечина на 10 март е во вашата десетта куќа на социјален статус, што ќе ви помогне да го подобрите својот јавен имиџ и да се претставите во одлично светло на работното место. Ден потоа, Венера која е позната како планета на љубовта, но и изобилството исто така влегува во вашата десетта куќа, а тоа значи повеќе финансии во следниот период. 

Можеби ќе изгледа како добрите можности да ви паѓаат од небо во текот на март, но не заборавајте дека тие се резултат на напорниот труд кој го вложивте во изминатиот период. Полната Месечина на 25 март ви носи заокружување на овој период, но и баланс, можност да одморите. 

Доколку работите во јавниот сектор или пак во приватен бизнис со друг партнер, ова може да е период кој ќе ви донесе отежната соработка, како и тешкотии во имплементација на плановите ако одлучувате со друга личност. Некои Близнаци ќе се решат да ја обноват соработката со луѓе со кои соработувале во минатото, а тоа ќе ви донесе нов бран енергија. Можни се сплетки на работното место, но не се впушајте во нив, бидејќи тоа нема да биде во ваша полза. Само држете се настрана и бидете внимателни ако работите со пари. 

Ова е добар период за решавање на одредени прашања поврзани со заминување во странство. 

Љубов

Ова е месец во кој треба да научите да ги изразувате своите чувства со другите. За време на февруари, хороскопот ви донесе силен бран на самодоверба, но во текот на март би можеле да се соочите со мали несигурности. Но, очекувајте одлични вести  на ова поле. 

Почетокот на пролетта и сезоната на Овните ви носи можност да најдете одличен баланс меѓу љубовта и пријателствата. Ве очекуваат нови познанства во вашиот живот, но и многу интелектуални разговори. Некои слободни претставници на овој знак во овој период би можеле да сретнат една посебна личност која ќе го украде нивното внимание. 

Ситуацијата во врските и браковите би можела да биде напната на моменти, но тоа се должи на расположението на партнерот. Ова може да е и важен тест за самата врска. Ако се појави некој проблем, не го игнорирајте. 

Некои слободни претставници ќе се решат да обноват врска со љубов од минатото. Ако се наоѓате во ситуација да морате да добиете или пак да ја повратите туѓата наклоност, бидете нежни, а не  нападни. Не брзајте никаде и покажете го своето трпение и попустливост.

Здравје 

Можна е болка во нозете или зглобовите.