Месечен хороскоп за февруари 2023: Риби

Овој месец има потенцијал да ви го промени животот.

Љубов

Некои Риби би можеле да се заљубат во личност која не е слободна, или пак некој кој припаѓа во минатото. Но, во вашиот случај доволна ќе биде само една средба за да ве врати назад кон старите, заборавени емоции. 

Ве очекуваат многу работи на кои воопшто не ни помислувате. Странците ќе играат голема улога во вашиот живот во текот на овој месец. 

Околу Денот на вљубените, Венера и Нептун носат магија на ова поле во вашата прва куќа на идентитет, а вашата харизма ќе биде на највисоко ниво. Ваквата енергија ќе ви донесе и силна интуиција, па така ако сте слободни, точно ќе знаете која е вистинската личност за вас, а кој едноставно не ве заслужува. 

Со Венера во вашата прва куќа дозволете си да бидете романтични и да ја пуштите својата нежна страна надвор од себе. Вие сте шармантни, а луѓето ве обожаваат овој месец. Прифатете го тоа  и изберете ја најдобрата личност за себе.

На 11 февруари, со влегувањето на комуникативниот Меркур во Водолија ова е совршен момент да сретнете личност која ќе игра голема улога во вашиот живот. 

Вашата сезона започнува подоцна во текот на месецот, а кога Сонцето ќе ја осветли вашата прва куќа, вашата самодоверба ќе биде неверојатна. Ова е период да блеснете, да замислите желба и да почнете да ја живеете својата бајка. 

Работа

Овој период носи многу можности за родените во овој знак, а особено за оние Риби кои се занимаваат со уметност, спорт и наука. Ако се трудите да започнете нова работа, ќе имате голема поддршка од постара личност, поискусна личност. 

Ве очекува силен просперитет, но и патувања. Ако работите со странство, ќе успеете да ја проширите работата во други држави. 

На 5 февруари полната Месечина во Лав ве поттикнува да направите мал одмор и да избегате од работата барем за момент. Држете се подалеку од драма и најдете начин да се релаксирате и да го победите стресот. 

Јупитер е планетата на изобилството и среќата, а тој престојува во вашата втора куќа на вредности во текот на февруари. Тоа ви носи дополнителни приходи и подобрување на вашата финансиска состојба. Ќе бидете самоуверени и оптимистични, но и со силна желба да ги подобрите своите вештини. Само осигурајте се да не ги трошите брзо заработените пари и да направите добар распоред на буџетот. Размислувајте на големо!

Со влегувањето на Венера во Овен на 19 февруари, ве очекува изобилство на приходи, од различни извори. Тоа ќе ви донесе и самодоверба, но и многу контакти. Подгответе се! 

Здравје

Не ја решавајте напнатоста со храна, туку потрудете се да најдете начин да се смирите.