Меџити: Талат Џафери личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството

ДУИ за мене е завршена приказна вели Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити и додава дека поранешните партиски колеги во последно време создаваат само непријатели.

Меџити во емисијата „Клик Плус“ откри дека како градоначалник на општина Чаир им овозможил на многу функционери од ДУИ легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.

Во однос на актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити изјави дека се однесува како млада невеста.

„Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор. Убеден сум дека по изборите ќе имаме проевропска влада која ќе ги спроведе уставните измени и ќе го продолжи патот на евроинтеграциите, кажа Меџити во гостувањето.