Македонска актерка: Првпат снимив еротска сцена пред 15 години, не се грижев што ќе кажат луѓето

Македонската актерка Ана Стојановска е препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уше е актуелна по последниот филм „Кајмак“.

Стојановска денес е вработена во МНТ, каде што има одиграно многу улоги, а при гостувањето во „Репортер“ кажа дека нема проблем при снимањето на љубовни сцени.

- Имаше многу коментари, но мене не ми е проблем разголувањето. Пред 15 години ја снимив првата полуеротска сцена. Тогаш ми беше малку непријатно, но со искуството стануваш посигурен. Порано се грижев за тоа дали сум дебела, да не ми се гледа влакно на ногата или слично. Кога се снима таква сцена, треба да има техника, не е само „ајде вие имајте секс“, открива Стојановска.