Македонија најзагадена држава во Европа

Во својот извештај, European Environment Agency со право загадувањето на воздухот го нарекува „тивок убиец“.

Во извештајот се порачува дека е крајно време да се прогласи „црвена тревога“, односно да се превземат сите можни мерки за санирање на состојбата. По некоја логика тоа посебно би требало, да важи за Македонија, затоа што сега и официјално сме прогласени за земја со најзагаден воздух на европското тло.