Лунарна еклипса на 25 март: Доаѓаат промени за три хороскопски знаци

Затемнувањето во Вага ќе се случи на 25 март, а овој астролошки феномен ќе влијае на три хороскопски знаци.

Photo by Ryan Moreno on Unsplash

Универзумот ги поставува работите на свое место, истакнуваат астролозите.

Овен

За вас, затемнувањето ќе биде поврзано со меѓучовечките односи воопшто, а не само со романтичните. Постои можност да ставите точка на врска, да раскинете договор на работа, па дури и да донесете одлука да „свртите нов лист“ и да започнете нова фаза во постоечката љубовна врска.

Девица

Затемнувањето се случува во вашиот сектор на самопочит, но е присутно и во куќата на партнерството и бракот. Тоа значи дека на 25 март може да имате откритие поврзано со тоа како другите ве гледаат, но и како вие се доживувате себеси. Ќе се разберете подобро, што драстично ќе го промени вашиот став во љубовните врски. Само напред!

Вага

За вас, затемнувањето значи дека ќе имате зголемена желба да направите драстични промени во вашиот живот: ќе работите на започнување нова врска или подобрување на старата. Фокусот ќе ви биде и на вашиот физички изглед, стил - ќе се осмелите да направите промени. Можно е и на работа да започнете романса!