Кубанци нелегално влегле во Македонија, завршија во полиција

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 02.45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба.

Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.

На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години. Тие ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во  Гевгелија за понатамошна постапка, додаваат од полицијата.