Крводарителска акција на 13 јуни во Општина Карпош

Општина Карпош соопшти дека на 13 јуни ќе се организира крводарителска акција во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“.

-Во знакот на хуманоста и солидарноста, Општина Карпош и Здружението ГалИцко во соработка со Црвениот Крст на Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина , на 13 јуни (вторник) ќе организираат голема крводарителска акција во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“од 09:00 до 17:00 часот. Според статистиките, Општина Карпош е на врвот во собрани најголем број крвни единици меѓу сите општини во нашата држава, информираат од општината.

Општина Карпош ги повикува граѓаните да се приклучат во акцијата.