Кривична против Косовец, приложил фалсификувана возачка на „Деве Баир“

Вчера во 09.40 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишниот А.И. од Косово, затоа што при пасошка контрола и увид на документите било констатирано дека косовската возачка дозвола на негово име била фалсификувана, извести МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од ОВР Крива Паланка и му била поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.