Козле и Бозле неразделни од Маја која ги вдоми во својот стан

Козле и Бозле се џуџести кози кои се родија многу малечки.

-Овие две мали кози имаат и поголемо братче кое остана со мајката, но за нив немаше доволно млеко. Веднаш нашите вработени ги земаа Козле и Бозле на топло, а Маја ги вдоми во својот стан и ги хранеше на секои два часа. Денес овие две џуџести јариња се здрави, живи и весели и се уште не сакаат да се оделат од вработените кои ги хранат, велат од скопската Зоолошка градина.