Костовски за немарноста на Арсовска: По една година, конечно Град Скопје се одважи на моето барање за изградба на фекална канализација

Во август минатата година, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, испрати барање до Град Скопје за изградба на фекална канализација во населените места Бел камен и Кучевачка бара. Дури сега, цела година подоцна, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која многу им ветуваше на скопјани, а не реализираше ништо, се одважи да одговори на барањето на Костовски.

Сега е донесена одлука за изградба на оваа фекална канализација, по дополнителен амандман на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто на Арсовска и беше потребна цела година да одговори на барање за проект кој и самата го вети во предизборието, не е јасно.

На оваа тема на својот Фејсбук профил се огласи градоначалникот Костовски кој напиша:

- Пред точно една година на 22.08.2022 до Град Скопје поднесов барање за изградба на фекална канализација во населените места Бел камен и Кучевачка бара. На овој чекор се одлучив имајки предвид дека на еден предизборен собир во наведените населени места градоначалничката Данела Арсовска во мое присуство вети реализиација на овој исклучително важен проект. После една цела година градот Скопје се одважи на ова мое барање и на 14.09.2023 година со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за реализација, поточно изградба на фекална канализација во Бел камен и Кучевачка бара. Би сакал срдечно да се заблагодарам на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје, што на истата седница од 14.09.2023 година поднесоа дополнителен амандман со кој се прецизира реализацијата на оваа одлука која при поднесувањето не беше доволно јасна. Амандмнанот на ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен од страна на советот. Благодарен сум што градот Скопје се одважи на ова мое барање, иако доцни цела година. Би сакал да истакнам дека се надевам нема ова да биде сурова лага на Данела Арсовска, и дека ќе се одважи на тоа што во мое присуство им го вети на жителите од наведените населени места. Со особено внимание ќе ја следам ситуацијата, бидејки ми е лично важна. Ќе бидам тука да реагирам веднаш доколку нешто не оди како што треба“ – напиша тој.