Кој македонски пејач ја пее празничната песна на „Кока Кола“

Веќе традиционално, „Кока Кола“ со своите реклами ја означува за започната сезоната на празниците. Овогодинешната реклама ја воодушеви публиката, носејќи ја празничната магија во домовите. Вокалот во рекламата, односно песната искористена во овогодинешната кампања ја пее еден популарен македонски пејач.

Гласот за песната се однесува само за македонската верзија од рекламата, бидејќи истата е наменета само за нашата земја. Ако сеуште не сте ја погледнале, направете го тоа и обидете се да погодите за кој изведувач се работи. Рекламата можете да ја погледнете на следниот линк.

А пејачот за кој се работи е Влатко Лозаноски Лозано.