Кога ќе научиме дека велосипедската патека е за велосипедисти, а не за пешаци?

Скопјани, се почесто почнаа да практикуваат да возат велосипеди. Некои се само релаксираат кога имаат слободно време, а има и такви, на кои велосипедот им служи како превозно средство.

За велосипедските патеки, низ градот да не коментираме многу, едно се градат, други се доправуваат, во секој случај нивната бројка е мала, но сепак служат и тие што ги има.

Кога се велосипедските патеки во прашање, тука се наметнува нешто друго. Кога скопјани ќе ја научат основната култура, каде и како треба да се движат? Кога ќе научиме дека велосипедските патеки служат за велосипедистите, и дека пешаците не треба да се движат по истите.

-Јас одам со велосипед на работа секое утро. Постојано една иста приказна. Патеката за пешаци празна, патеката за велосипеди полна, ама со пешаци. И постојано ги опоменувам, свирам. Има некои културни се извинуваат, имаа некои дрски и безобразни, па единствено ми останува само да ги заобиколам. На тој начин ја загрозуваат и мојата, а и безбедноста на другите околу мене. И не само на патеките по улиците, исто е и на кејот на Вардар, раскажува Миле од Ѓорче.

Со овој проблем, се соочуваат и другите велосипедисти, кои редовно спортуваат и се рекреираат, надевајќи се дека еден ден, ќе ја научиме културата.