Клупите во паркот "Жена" се заварени за да не можат да се носат на други места

Клупите во паркот „Жена“ во Скопје ќе се заваруваат за да не ги земе некој, а  чувари од „Паркови и зеленило“ во иднина ќе пријавуваат доколку видат некој да ги земе и да ги пренесе на друго место, пишува „Плусинфо“.

– Чувари од „Паркови и зеленило“ има во паркот „Жена“, па во иднина доколку некој ги земе клупите и ги носи каде што сака, ќе реагираат кај нас или во полиција. Ова го изјавија за „Плусинфо“ од Град Скопје. Оттаму додаваат дека за некој да се казни, требало на самото место да се фати како го прави тоа.

– Важно е дека клупите се вратени на место, денес се заваруваат, а истовремено чувари од „Паркови и зеленило“ во иднина ќе пријавуваат доколку видат нешто – одговорија од Градот.