Ќе се реновира Канцеларијата на претседателот

Ќе се реновира канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов во центарот на Скопје, точно една година откако беше демолирана. Канцеларијата беше искршена и обоена на 13 април лани, еден ден откако тој прогласи аболиција на 56 лица. Во тие денови почнаа и протестите против помилувањата, што прераснаа во Шарена револуција.

Деновиве распишан е тендер, а проценетата вредност на градежните работи е 305.000 денари или 5.000 евра.

Канцеларијата на Иванов беше првиот објект кој беше ишаран во боите на Шарената револуција, во знак на револт против аболицијата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.