Казнети 225 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден по спроведената акциска контрола на МВР казнети се 225 возачи поради брзо возење. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.