Казнети 172 учесници во сообраќајот, 19 возеле без возачка

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови се вели во соопштението на МВР и се апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.