Казнети 162 возачи во Скопје, 15 возеле без возачка дозвола

Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот се вели во соопштението на МВР.