Казнети 153 возачи во Скопје, од нив 15 возеле без возачка дозвола

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 казни, меѓу кои 16 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.