Каролина, Тамара, Калиопи, Весна Бејби го прифатија предизвикот и ги споделија среќните мигови од детството

„Среќните мигови од детството - Сети се“ е именуван новиот предизвик на Инстаграм кој го прифатија и нашите славни, во рамки на кампањата на СОС Детско село. 

Предизвикот го прифатија Каролина, Весна Петрушевска-Бејби, Калиопи, Тамара Тодевска...

Под мотото „Стани дел од предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село и ајде заедно да создадеме среќни спомени за секое дете“, идејата е да се донира за децата од СОС Детското село. 

Нашата позната пејачка Каролина, на својот Инстаграм профил, сподели фотографии од детството и со емоции зборуваше за среќните детски мигови во пресрет на празниците кои секогаш се најголема радост за децата. 

-Барајќи слики за предизвикот посветен на среќните детски мигови изнајдов некои на кои потполно сум заборавила…со моите, со сестра ми, со братучедите и со нашата сакана баба Љупка со која пораснавме и не’ сакаше повеќе од себе! (особено сестра ми). А, мене ми беше главен фан и имаше архива од сите можни исечоци од весници и појавувања по медиуми. Одамна не е меѓу нас, ама често си ја спомнуваме и нејзината љубов е нешто што и ден денес го памтиме и чувствуваме, сподели Каролина.

-Јас растев со животни по дома, еден шизик фраер од татко кој секогаш со мирен тон ми се обраќаше и мама која освен што беше директор цел живот беше и рели возач. Адреналин постојано, се сеќава Весна Бејби.

Фотографија од детствто сподели и Калипи!

Тамара исто така се сети на среќните мигови од детството.