Какво време се очекува за продолжениот мајски одмор?

Граѓаните на Република Македонија, имаат можност да добијат пролетен одмор поврзувајќи го првомајскиот со велигденскиот одмор. Дали сте подготвени? Метеоролозите прогнозираат идеално време за патување или прошетка во природа. 

Втората половина од април ќе донесе сончево и топло време кое ќе се задржи до крајот на месецот.  Последната седмица од април ќе биде сончева со дневни температури до 25 степени.

Почетокот на мај ќе донесе стабилно и топло време. Празникот на трудот ќе биде сончев, а такво време се очекува и за велигденските празници. Утринските температури ќе бидат околу десет степени, а дневните ќе се искачат до 25-тиот степен.

Стабилното време ќе се задржи до крајот на првата половина од мај кога се очекува кратка дестабилизација со дожд. Крајот на месец ќе донесе сончево и топло време.

Судејќи според временската прогноза ова ќе бидат идеални денови за прошетка во природа или пак патување со семејството.