Како на филм, Пакистанци со автомобил со струмички таблици криумчареле шест Непалци и бегале од полицијата

Вчера полициски службеници биле сведоци на необичен настан. Имено патничко возило со струмички таблички не застанало на знак стоп по што по кратка потера било стигнато, сопрено и биле уапсени две лица од Пакистан кои криумчареле шест лица од Непал.

„На 07.04.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Ј.А.(22) и З.А.(21), двајцата од Пакистан. Претходно, тие со патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу возилото било престигнато и запрено и во него биле пронајдени шест лица мигранти од Непал. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“.