Јованов жестоко кон Тренчевска: Од преживување до живеење, пензионерите ги дели една функционерска плата

Професорката Тамара Јованов со жестока реакција по изјавата на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска дека двајца пензионери може да преживеат со 25.000 денари.

- Со 25.000 двајца пензионери можеби ќе преживеат, ама повеќе од сигурно нема да живеат! Од преживување до живеење, ги дели една функционерска плата! Од тоа пусто преживување, нашиов народ на 40 години изгледа ко да има 70, без една насмевка на лицето, а европејците на 80 го шетаат светот. Има разлика од преживување до живеење, цел еден живот, одземан, украден од криминалци на функции! - напиша Јованов на социјалните мрежи.