Јованов: Да се фалиш со увоз на модерни робови од странство и не е баш за фалење

Професорката на Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Тамара Јованов со став за увозот на работници во земјава. 

Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост: 

-Евтина работна сила е коректен назив за модерна експлоатација на труд (ропство).

Кога човековиот труд го опишуваш со придавка евтин, тоа само значи дека профитираш од искористување на други луѓе во процесот.

Евтина работна сила не треба да постои и таа феудална практика треба да биде заменета со пристојна работна сила, каде работниците се платени ФЕР и можат пристојно да живеат од својот труд, без оглед на дејноста.

Тоа што се во текстилна, производствена, јавна или било која друга дејност, не ви дава за право да ги злоупотребувате за профит!

Профит може, откако прво, луѓето во процесот се платени ФЕР.

Проценката на трошоци се прави пред почеток на бизнис и доколку проценката не вклучува фер плати, може сте во погрепен бизнис или треба да барате други начини за остварување конкурентност и профитабилност, наместо на грбот на работниците!

Пс. Да се фалиш со увоз на модерни робови од странство и не е баш за фалење!