Изградбата на спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци е во завршна фаза

Градежните работи за изградба на Спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци влегуваат во завршна фаза.

Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што изврши увид на градежните работи за изградба на спортскиот центар „Иван Илиев“.

Во рамки на спортскиот комплекс се гради нов спортски терен за кошарка, додека комплетно се изврши реконструкција на игралиштето за мал фудбал на кое се постави подлога од вештачка трева. Дополнително се изгради ново детско катче кое е во склоп на спортскиот центар.