Ивор Мицковски реагира: Зошто тензии и поделби - Или се дава дипломатски пасош на сите или никому

Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши по брза постапка, а истите попладнево им беа врачени од министерот за Надворешни работи, Бујар Османи.

Османи им вети на членовите на македонската репрезентација дека ќе им доделат дипломатски пасоши на сите доколку ја победат Португалија.

На ова реагираше активистот Ивор Мицковски, познат гласноговорник за постапките на македонските носители на јавни функции. 

-Добро бе Бујар, добро бе МНР, ај што докторов нема две чисти у главата, ама има ли некој таму нешто да каже. Како тоа давате дипломатски пасоши на само 2 играчи и селекторот, па уште и министерот ќе кажува дека они тројца биле најзаслужни или дека ако ја победеле Португалија ќе добиеле сите, праша тој. 

-Па добро бе има малку здрав разум во оваа земја и нашиве институции. Или се дава дипломатски на сите или не се дава никому.

И зошто вакви тензии и поделби пред клучна утакмица, може ли еднаш нешто да направиме обединети, како држава, како здрав колективитет, без поделби и ниски, празни резони и спрдавања. Најдобро е изгледа ништо да не правите, пошто само штета успевате да направите, порача Мицковски.