Ист Гејт воведува новини поврзани со наплатата на паркинг во молот

Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град.

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации:
Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север),
на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.

Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот Тинекс со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.