Интернационално доживување во срцето на Скопје: Шкотска и Ирска вечер во Хотел Лимак

На врвот и во срцето на Скопје, на местото со најубав поглед во градот, хотелот Лимак ја најавува шкотската и ирската традиционална вечер каде гостите ќе може да ја доживеат локалната култура, да ги вкусат локалните мезиња и да уживаат во музиката која е специфична за Шкотска и Ирска.

Станува збор за уште една од низата традиционални вечери која ќе се одржи на 29 март во Скај барот и каде љубителите на шкотската и ирската култура ќе имаат можност по специјална цена да отпатуваат на патување во земјите кои се синоним за гастрономска култура и уживање. Искусните готвачи ќе бидат задолжени преку мезиња да ја доловат на најавтентичен начин шкотската и ирската кујна, додека за музиката ќе бидат задолжени Lorekeepers Guild.

Хотелот Лимак е подготвен за уште едно незаборавно интернационално искуство. Резервирајте го вашето присуство по промотивна цена од 900 денари на телефонскиот број 075 301 834.