Инстаграм дискусија: Го уништивте Скопје – до кога вака?

Улици окупирани од паркирани возила, тротоари окупирани со отпад од контејнерите, град окупирани од неодговорни политичари, неодговорност, негрижа и корупција. Вака изгледа Скопје последните неколку години.

Политиката и политичките препукувања да ги тргнеме на страна, го губиме градот кој имаше амбиција да стане регионална метропола. Место, кога сега и туристите го избегнуваат затоа што тоне во ѓубре насекаде?

Ги прашавме скопјани: до кога вака? Оставете го вашиот коментар под објавата на Инстаграм.