Имаме должност да ги заштитиме децата и семејството, вели епископот Јаков Стобиски

Епископот Стобиски г. Јаков денеска имаше видео-обраќање до јавноста по повод Сенародниот собир против Законот за родова еднаквост и матична евиденција.

- Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да ја изговориме и исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството и да ја одбраниме слободата, вели епископот.

Протестот ќе се одржи на 29 јуни пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.