И скопските градоначалници на трибините - еве како ги бодреа македонските фудбалери

И дел од скопските градоначалници синоќа ја бодреа македонската фудбалска репрезентација во арената „Тоше Проески“ против фудбалската велесила. 

За време на мечот против Англија, на социјалните мрежи, фотографии од навивачкиот терен, со реквизити во црвено-жолта боја и мотивирачки пораки споделија градоначалникот на Аеродром, на Ѓорче Петров и на Центар. 

- Историско реми за Македонија, исто како победа! Одличен натпревар против големиот ривал, светската фудбалска велесила Англија. Честитки за борбеноста, храброста и одличната игра на македонските репрезентативци, порача Муцунски синоќа на својот фејсбук профил. 

- Напред Македонија! - порача Александар Стојкоски кој натпреварот го следеше со својот син. 

Фудбалерите од Македонија добија поддршка и од градоначалникот на Центар Герасимовски кој беше на трибините. 

- Браво момци, напред до победа! - гласеше неговата порака.