Холандскиот амбасадор со предупредување до Ахмети: Политичко влијание врз Врховниот суд ќе предизвика реакција од Холандија

Амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети каде му упатил жестока порака објави Амбасада на Холандија на Фејсбук. Амбасадорот Коп му кажал на Ахмети дека членството во ЕУ е загрозено поради континуираниот пад на владеењето на правото.

- “Непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија“, стои во предупредувањето на холандскиот амбасадор до Ахмети

Причина за ваквата средба е јавното излегување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми која се пожали од политички притисоци кон Врховниот суд се со цел на враќање на Никола Груевски од Будимпешта.

Веднаш по нејзиното излегување во јавност, Судскиот совет покрена постапка за нејзино разрешување.