Хематологија демантира дека е под истрага на Финансова полиција поради лекот „Мабтера“

По вчерашната вест на НОВА дека Финансиска полиција врши истрага на Клинките за хематологија и ревматологија, поради последната набавка на лекот Мабтера, кој наместо од производител бил донесен преку паралеле увоз, преку соопштени од Клиниката ја демантираа веста.

„На ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија не е влезена Финансиска полиција. На нашата клиника воопшто не е извршена набавка на споменатиот лек во вашиот прилог. Лекот “Rituximab-Мабтера”- кој во моментот се аплицира на нашата Клиника е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017. Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и дозволи од МАЛМЕД, согласно на законските барања.  Стручниот колегиум не се сомнева во квалитетот на лекот бидејки е од оригинален производител, до сега не се евидентирани несакани реакции, ниту има поместување во очекуваните резултати од лекувањето. Не сме имале ни поплака од ниту еден пациент поради дистрибутивниот ланец кој се користи за да се донесе лекот“, соопштија од Клиниката.