Граѓаните вознемирени: Грејната сезона започна, температурите се ниски, а се уште намаме испорачано огревно дрво, иако е платено

Граѓаните вознемирени. Грејната сезона неодамна започна, а почнаа ли есенските ниски температури. Голем дел од домаќинствата се уште не се топлат бидејќи доцни испораката на огревното дрво. 

-Платено е целосно уште во месец февруари, а јас до денеска се уште немам испорачано дрва за огрев. Секој ден им вртам, и секој ден добивам ист одговор дека ќе стигнат. Ги трошиме залихите од минатата година и имам за само уште неколку дена. Не знам што ќе правиме, раскажува Живко. 

На иста мака се е други домаќинства. 

Од Македонски шуми уверуваат дека за десетина дена ќе им биде испорачано. Со тоа целосно  ќе биде  завршена  доставата до сите домаќинства  кои го порачале за оваа грејна сезона. Најмногу нарачки има во Скопје. Во метрополата  околу 100 илјади граѓани го користат за загревање.

Како и секоја година така и оваа на неколку локации бесправно се сечело и собирало огревно дрво. За справување со овој проблем мобилни екипи на претријатието се постојано на терен.

Повикот за пријавување за огревно дрво  беше објавен лани во декември и траеше до 31 март. Во овој период сите кои го користат имаа обврска да поднесат барање.

Според статистиката во Македонија над 200 илјади домаќинства се грејат на дрва.