Граѓаните револтирани: Во кочина е почисто отколку во автобусите на ЈСП

Скопјани долго време имаат проблеми со јавниот превоз во градот затоа што во изминатите шест месеци возеа само автобусите на ЈСП, додека приватните превозници беа исклучени од сообраќај, но тоа не е единствената работа која ги мачи.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од внатрешноста на еден автобус и граѓаните се жалат дека хигиената во возилата е на најниско можно ниво.

- Постои голема негрижа и нехигиена во сите автобуси. Во кочина е почисто отколку во автобусите во кои се возиме. Во сите автобуси има ѓубре до колена. Од бесплатен до најмизерен превоз и нечисти автобуси, се само дел од реакциите на граѓаните.